СЈО ОСТАНУВА ДА ЛЕБДИ НАД ДОГОВОРОТ ЗА ИЗБОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ОСТАНУВА ДА ЛЕБДИ НАД ДОГОВОРОТ ЗА ИЗБОРИ

    Уставниот суд досега не се произнесе за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство, иако во договорот од 20 јули лидерите на 4-те најголеми партии потписнички на Пржинскиот договор го повикаа што поскоро да ја донесе одлуката. Според договорот од 20 јули, „во случај Уставниот суд да одлучи дека Законот за Специјалното јавно обвинителство или делови од него се неуставни, четирите партии се обврзаа во рок од пет дена да го усогласат со одлуката на Судот и одново да го воспостават СЈО. Ефикасноста, опсегот и целите на СЈО треба да бидат задржани“.

    Вечерва, во изјавата во која го поздрави потпишувањето на договорот за одржување предвремени избори на 11 декември, лидерот на СДСМ Зоран Заев неколкупати повтори дека никој не смее да го чепка Специјалното јавно обвинителство. „До ново влошување може да дојде доколку Груевски се дрзне преку Уставниот суд да го укине СЈО. Тоа е институција со најголема поддршка на граѓаните“, рече Заев.

    На тоа Груевски вечерва искоментира дека „тоа е дел од веќе видената политика на СДСМ и дека народот тоа веќе го препознава“.

    Уставните судии утре се враќаат на работа по одморот, а на сајтот на Судот денеска немаше закажано нова седница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира