АКТИВИСТИТЕ ДОБИЈА ДОЗВОЛА ДВА ЧАСА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА ГИ ХРАНАТ УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА

    АКТИВИСТИТЕ ДОБИЈА ДОЗВОЛА ДВА ЧАСА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА ГИ ХРАНАТ УЛИЧНИТЕ КУЧИЊАДозвола ќе можат да добијат по 5 активисти од секое здружение.(Фото: К.Попов)

    Активистите за заштита на бездомни животни добија дозвола два часа за време на полицискиот час да ги хранат уличните кучиња.

    Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов објави дека на денешната седница на Кризниот штаб на Владата се разгледувало барањето на активистите да им биде дозволено да ги напуштат домовите, за да им носат храна на бездомните кучиња низ Скопје.

    „Активистите ќе можат дневно да се движат по 2 часа. За таа цел, секое регистрирано друштво за заштита на правата на животните, потребно е до утре, 16 април до Министерството за администрација и информатичко општество да достави заверен список – барање со потребните податоци за 5 активисти од секое здружение, кои ќе добијат дозволи за времено движење во текот на полициски час. Дозволите ќе важат и после викендот, со цел да се нахранат бездомните животни“, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Шилегов.

    Владата минатата недела одреди термини во кои сопствениците можат да ги шетаат кучињата. Во работните денови кога полицискиот час почнува од 16 часот, можат да ги изнесуваат милениците по 30 минути навечер од 20 до 20.30 часот. За време на викендите кога има забрана за движење во текот на цел ден одредени се три термини и тоа наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 часот и навечер од 20 до 20.30 часот.

    Граѓаните додека ги шетаат милениците треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат, да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира