Нови 28 пациенти позитивни на КОВИД-19 се регистрирани денеска, а излекувани 48. Почина еден пациент, 51-годишен скопјанец кој во болницата „8 Септември“ бил примен на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина, соопшти Министерството за здравство. Во изминатото деноноќие направени се 660 теста.
Новите 28 случаи на КОВИД-19 се од Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Од излекуваните пациенти 6 се од болничко лекување, а 42 се лекувале во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на коронавирус. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14.
Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19“, велат од Министерството за здравство.
Со денешните 28 нови заболени вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 1259, од кои 272 излечени, 56 починати и 931 активен. По градови:
-Скопје – 422
-Куманово – 342
-Дебар – 51
-Штип-34
-Прилеп –126
-Тетово – 62
-Струга – 55
-Велес – 62
-Битола –17
-Охрид –15
-Кавадарци – 4
-Гостивар –13
-Гевгелија – 4
-Струмица – 2
-Крива Паланка-4
-Радовиш – 4
-Крушево – 3
-Кочани – 28
-Пробиштип – 2
-Кичево – 2
-Неготино -2
-Демир Хисар – 1
-Македонски Брод -2
-Пехчево- 1
-Валандово -1
А. АНТЕВСКА