Според посебен протокол странските државјани ќе може да транзитираат низ земјава. На денешната Владина седница беше донесен Протокол за непречен транзит на странски државјани, кој ќе важи сѐ додека целосно не се либерализира режимот за влез и излез од државата. Дотогаш дозволен влез во земјава ќе биде само преку гранични премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и преку аеродром Скопје.
Со протоколот се предвидува странските државјани кои ќе влезат во земјава во рок од 5 часа да излезат на друг граничен.
„Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат. Излезот треба да биде во рок од 5 часа откако е направен влезот, Времето на задржување ќе се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба да ја предадат на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот“, се вели во соопштението од Владата.
А. АНТЕВСКА