ВЛАДАТА БАРА НАЧИН ОД УТРЕ СИТЕ ДА БИДАТ ПУШТЕНИ ОД ДРЖАВЕН КАРАНТИН И ЗА НИВ ДА НЕ ВАЖИ МЕРКАТА ЗА ИЗОЛАЦИЈА

    ВЛАДАТА БАРА НАЧИН ОД УТРЕ СИТЕ ДА БИДАТ ПУШТЕНИ ОД ДРЖАВЕН КАРАНТИН И ЗА НИВ ДА НЕ ВАЖИ МЕРКАТА ЗА ИЗОЛАЦИЈАМинистерот за здравство Венко Филипче на денашната прес-конференција кажа дека правни тимови во моментов работат на правна рамка со која од утре ќе им се укине 14-дневната изолација на лицата на кои им е издадено решение за тоа заради заштита од ширење на коронавирусот; - Граѓани влегуваат во земјава на граничниот премин Табановце. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Владата бара начин мерката за самоизолација или државен карантин од утре да не важи и за граѓаните кои пред неколку дена влегле во земјава. Министерот за здравство Венко Филипче, на денашната прес-конференција кажа дека правни тимови во моментов работат на правна рамка со која од утре ќе им се укине 14-дневната изолација на лицата на кои им е издадено решение за тоа заради заштита од ширење на коронавирусот.

    „Прво, сакам да кажам дека многу малку граѓани кои беа во државен карантин развија симптоми и беа позитивни на ковид-19. Правниците интензивно работат и се близу до решение кое ќе важи и за граѓаните кои влегле во земјава, а се со решение за изолација“, рече Филипче.

    Од утре, во земјава македонските и странските државјани ќе можат да влезат без никакви ограничувања. Владата, на седницата одржана во вторникот, донесе одлука целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување во домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира