КОЛКУ ПОВЕЌЕ ГИ ПОЧИТУВАМЕ МЕРКИТЕ, ТОЛКУ ПОБРГУ ЌЕ БИДАТ ОТВОРЕНИ ГРАНИЦИТЕ НА ЕУ, РЕЧЕ ДИМИТРОВ

    КОЛКУ ПОВЕЌЕ ГИ ПОЧИТУВАМЕ МЕРКИТЕ, ТОЛКУ ПОБРГУ ЌЕ БИДАТ ОТВОРЕНИ ГРАНИЦИТЕ НА ЕУ, РЕЧЕ ДИМИТРОВВо препораката на ЕУ во однос на отворањето на границите за земјите кои не се членки на Унијата, клучен критериум е да бидат регистрирани дневно 20 нови случај на КОВИД-19 на 100.000 жители, за 14 дена.-Граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Одлуката на Европската унија со која е забранет влез за македонските државјани во земјите членки, не е политичка туку се должи исклучиво на епидемиолошката слика во земјава, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров.

    Димитров на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање кажа дека во препораката на ЕУ во однос на отворањето на границите за земјите кои не се членки на Унијата, клучен критериум е да бидат регистрирани до 20 нови случаи на КОВИД-19 на 100.000 жители за 14 дена.

    „Јас разговарав со неколку земји членки на Унијата во однос на оваа одлука и сите ме уверија дека таа е донесена врз основа на епидемиолошката слика во земјата.  Колку повеќе се придржуваме до мерките односно носиме маски и држиме дистанца, толку побргу ќе ни се подобри епидемиолошката слика и ќе бидат отворени сите граници за нашите државјани“ рече Димитров.

    На прашањето дали е можно затворање на границата со Србија, Димитров кажа дека дневно се следи состојбата, по што ќе се отвори дебата за ова прашање во Комисијата за заразни болести, а потоа и во Владата.

    Европската Унија ред три дена ја објави листата земји на чии државјани од 1 јули им е дозволен влез во ЕУ. Македонија не е на таа листа. Листата ќе се обновува на секои 14 дена.

    А. АНТЕВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира