Велешанецот кој правеше свадба за синот во дворот од семејната куќа, доби кривична пријава од велешката полиција. Тој свадбата ја правел во време кога тоа е забрането поради пандемија на ковид-19 .
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р. Д. (41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
„На 8 мај во периодот од 12.30 до 17.30 часот, пријавениот и покрај прописите донесени со Одлука на Влада, организирал свадба во дворот од куќата, каде биле присутни повеќе лица“, се вели во информацијата на МВР.
Оваа свадба беше пред три месеци и прва од неколкуте кои се организираа, а сватовите и музиката минуваа по велешките улици. Со Уредба на Владата со законска важност, свадбите се забранети во овој период, заклучно и денес.
П. ПЕЧКОВ