Утре Владата ќе одлучува дали ќе се воведе задолжителен ПЦР тест и за патниците кои транзитираат низ земјава односно летаат преку скопскиот аеродром. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, на новинарско прашања за новиот број позитивни патници на летот за Турку, Финска, рече дека уште ги немаат добиено од финската влада списоците со позитивни патници, за да се види дали се наши државјани или пак на Косово.
„Сега, после вториот случај на позитивни патници од лет за Турку, ќе дискутираме за потреба и за патници кои транзитираат низ земјава да се воведат ПЦР тестови. Сметам дека имаме стабилна слика, секаде има влошување на состојбата со број на заболени, само кај е иста состојбата. Затоа, нема потреба да стои нашиот аеродромот од каде излегуваат позитивни патници“, рече Филипче.
Финските власти денеска објавија дека во саботата 12 позитивни патници слетале во Турку на лет од Скопје. Ова е трет пат на овој лет да има позитивни пациенти, со што вкупната бројка е 42.
А. АНТЕВСКА