КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ВЕЛИ ЕТАПНО ДА СЕ СПРОВЕДУВААТ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА УЧЕБНАТА ГОДИНА

    КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ВЕЛИ ЕТАПНО ДА СЕ СПРОВЕДУВААТ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА УЧЕБНАТА ГОДИНАУтрово на состанокот на средношколците им биле презентирани извештаите со деталната состојба од ковид-19 во земјава, а тие ги претставиле барањата на учениците, од кои најголем дел, вели Министерството, се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година. (Фото: Министерство за здравство)

    Претставниците на Сојузот на средношколци и членовите на Комисијата за заразни болести денес најмногу дискутираа за периодот на имплемантација на одредени протоколи за учебната година, а за кои Комисијата инсистира да бидат имплементирани етапно, согласно епдидемиолошката состојба во земјата, соопшти Министерството за здравство.

    Сојузот на средношколци вчера соопшти дека го премести најавениот протест против одлуката на Министерството за образование за целосна онлајн настава од 28 август на 31 август, поради празникот Голема Богородица. Тие се залагаат за комбиниран модел на настава, онаму каде што дозволуваат условите.

    Утрово, на состанокот на средношколците им биле презентирани извештаите со деталната состојба од ковид-19 во земјава, а тие ги претставиле барањата на учениците, од кои најголем дел, вели Министерството, се веќе во планот на Комисијата за заразни болести за почеток на учебната година.

    „Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче пред средношколците го објаснуваше процесот на воведување и попуштање на рестриктивните мерки согласно епидемиолошката состојба. Тој информираше дека сите мерки за превенција донесени врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата во интерес на заштитата на здравјето на децата и родителите. На состанокот двете страни се заложија да продолжат со интензивна комуникација, со цел добра организација и имплементација на мерките за спроведувањето на наставата во претстојната учебна година“, додаваат од кабинетот на Филипче.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира