ГРАД СКОПЈЕ ГИ ПРЕКИНА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ИНВЕРТЕРИ ИАКО ИМА УШТЕ ПАРИ, ВЕЛАТ ЌЕ СЕ ПРЕБРОЈУВААТ БАРАЊАТА

    ГРАД СКОПЈЕ ГИ ПРЕКИНА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ИНВЕРТЕРИ ИАКО ИМА УШТЕ ПАРИ, ВЕЛАТ ЌЕ СЕ ПРЕБРОЈУВААТ БАРАЊАТАОгласот се прекинува иако досега стигнале 4.060 барања, а пари има за 5.200 домаќинства. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје го прекина пријавувањето за доделување субвенции за инвертер клими иако квотата не е исполнета. Владата му додели на Град Скопје 5,2 милиони евра за субвенционирање со по 1.000 евра на домаќинства кои ќе го променат начинот за греење, како една од мерките за намалување на загадувањето. Тоа значи дека пари има за 5.200 домаќинства, а досега од аплицирале 4.060.

    Зошто се прекинува огласот, особено во период од годината кога почнува сезоната за греење на домовите и загадување на воздухот, од Град Скопје не објаснуваат конкретно. На нашето прашање, од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов одговорија дека ќе се врши пребројување и проверка на сите пристигнати барања, па после ќе се одлучи што понатаму.

    Град Скопје го распиша огласот за доделување субвенции за инвертери на 3 јули и на него можеше да се аплицира само електронски. Оние кои ќе добијат субвенции од 1.000 евра треба да ја предадат печката на дрва, јаглен или нафта.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира