ГРАД СКОПЈЕ КОНЕЧНО ПОЧНА ДА КАЗНУВА ЗА ПАРКИРАЊЕ КОЛИ НА КЕЈ „13 НОЕМВРИ“

    ГРАД СКОПЈЕ КОНЕЧНО ПОЧНА ДА КАЗНУВА ЗА ПАРКИРАЊЕ КОЛИ НА КЕЈ „13 НОЕМВРИ“Во законски предвидениот рок од 7 дена прекршителите ќе треба да подигнат платен налог од Инспекторатот на Град Скопје и да извршат уплата од 50 евра.(Фото: Град Скопје)

    Инспекторатот на Град Скопје денеска излезе на терен и почна да казнува за паркирање на кеј „13 Ноември“ . Изречени се 21 казна, а во денешната акција е вклучена и пајак службата која ги подига возилата чии сопственици не се затекнати на местото.

    „Во законски предвидениот рок од 7 дена прекршителите ќе треба да подигнат платен налог од Инспекторатот на Град Скопје и да извршат уплата од 50 евра. За овој тип прекршоци, глобата не може да биде заменета со општокорисна работа. Акцијата за санкционирање непрописно паркирани возила на кејот „13 Ноември“ се спроведува во соработка со Општина Центар и ќе трае континуирано, подолг временски период“, велат од Град Скопје.

    Проблемот со паркирани коли на кејот трае со години. Возила слободно влегуваат откако Град Скопје во време на ексградоначалникот Коце Трајановски ја нацрта улицата меѓу шеталиштето за пристап до зградата на „Телеком“.

    Градоначалникот Петре Шилегов досега велеше дека надлежна за казнување е сообраќајната полиција, а не Град Скопје и најавуваше дека проблемот со влез на шеталиштето ќе се реши со проектот за реконструкција на кејот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира