Три лица починаа, а 148 се позитивни на ковид-19 од 1.224 тестирања во последниве 24 часа. Пациентите се починати во болнички услови и се од Прилеп (62), Кочани (87) и Гостивар (64).
Новите случаи на ковид-19 по градови се: Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-6.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 17.629, од кои оздравени се 14.581, починати 725, а во моментов активни се 2.323. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.881, активни 684
• Куманово 1.745, активни 182
• Дебар 284, активни 42
• Штип 1.251, активни 53
• Прилеп 667, активни 128
• Тетово 1.424, активни 174
• Струга 664, активни 58
• Велес 319, активни 34
• Битола 296, активни 59
• Охрид 421, активни 44
• Кавадарци 236, активни 49
• Гостивар 928, активни 103
• Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 233, активни 150
• Крива Паланка 107, активни 29
• Радовиш 76, активни 18
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 340, активни 149
• Пробиштип 110, активни 21
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 43, активни 3
• Берово 102, активни 38
• Валандово 31, активни 22
• Виница 108, активни 29
• Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 0
• Свети Николе 341, активни 37
• Кичево 324, активни 39
• Ресен 164, активни 16
• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.224 теста се преку: ИЈЗ-488, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-297, Биотек-87, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Систина со PCR метода -106, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-58, Инфективна клиника-0, ГАК-16, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 185.321 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 59
• Гази Баба – 80
• Аеродром – 109
• Карпош – 83
• Центар – 96
• Кисела Вода – 79
• Ѓорче Петров – 50
• Бутел – 31
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 9
• Сарај – 12
• Арачиново – 5
• Илинден – 28
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 7
• Нераспределен-2