Владата на денешната седница од 18 часот ќе одлучува за новите предлози за рестриктивни мерки на Комисијата за заразни болести , најави министерот за здравство Венко Филипче во ТВ-интервју.
Комисијата за заразни болести предгала:
- Да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објеки
- Се намалува гласноста на музиката до 55 децибели, согласно правилникот на Министерството за здравство, за да се намали концентрацијата на луѓе во објекти
- Да се намали бројот на гости на една маса во угостителските објекти, од 12 на 4 лица
„Потсетуваме дека дискотеките и ноќните клубови не ни добија дозвола за работа по полноќ. Сите работат до 12 часот во работните денови и до 1 по полноќ за викендот“, кажа Филипче.
Новите рестрикции следат откако деновиве земјава бележи рекордна дневна бројка на новозаболени од ковид-19. Завчера и вчера имаше по 225 и 243, а денес 191.
Филипче кажа дека најголем раст на новозаболени се забележува во возрасните групи од 20 до 30 години и од 30 до 40 години. Нема зголемување на стапката до 10 години и од 10 до 20 години.