ОД ДЕНЕС ЌЕ ВОЗАТ ПОГОЛЕМ БРОЈ АВТОБУСИ, НАЈАВИ ЈСП „СКОПЈЕ“

    ОД ДЕНЕС ЌЕ ВОЗАТ ПОГОЛЕМ БРОЈ АВТОБУСИ, НАЈАВИ ЈСП „СКОПЈЕ“Наместо според саботен возен ред поголем број автобуски линии ќе возат според летен делничен возен ред. (Фото: К. Попов)

    Поголем број автобуси ќе бидат пуштени од денеска на дел од линиите, најавуваат од ЈСП „Скопје“ и велат дека наместо според саботен возен ред, поголем број автобуски линии ќе возат според летен делничен возен ред.

    Поголем број автобуси ќе бидат пуштени на линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67,  163, 165, 167, 180. Останатите линии имаат саботен режим на сообраќање. Линиите 9, 19, 20 и 23 како и во изминатиов период, продолжуваат да соораќаат по редуциран делничен возен ред.

    Линиите, 25, 25А, 25Б, 28 кои возеа до Средно Водно и туристичката линија „Сити тур“ и натаму се времено укинати.

    ЈСП „Скопје“ го редуцираше бројот на автобуси кои сообраќаат низ градот од почетокот на епидемијата на коронавирусот. И покрај поплаките на граѓаните дека долго чекаат автобус, градоначалникот Петре Шилегов изминативе 6 месеци велеше дека не може да се зголеми бројот на автобуси и да се врати вообичаениот возен ред бидејќи е намален бројот на патници и ЈСП работи со загуба.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира