ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА СО ЗГОЛЕМЕН КАПАЦИТЕТ, СЕГА МОЖЕ ДА ПРИМИ 46 ПАЦИЕНТИ

    ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА СО ЗГОЛЕМЕН КАПАЦИТЕТ, СЕГА МОЖЕ ДА ПРИМИ 46 ПАЦИЕНТИКапацитетот во велешката болница која е ковид центар, од вчера е 46 за пациенти, а од следната недела ќе има на распологање 54 кревети. (Фото: СДК.МК)

    Инфективното одделение од Општата болница Велес, кое е регионален ковид центар, ги зголеми капацитетите за згрижување на пациенти. Ова доаѓа откако пред два дена, сите 35 кревети беа пополнети, по што се јави потреба за обезбедување на нови места за пациенти позитивни на коронавирус.

    „Поставени се нови 11 кревети во болничките соби од одделението а до крајот на неделава уште две нови соби ќе бидат приспособени да примат пациенти позитивни на ковид-19. Капацитетот од вчера е за 46 пациенти, а од следната недела ќе имаме 54 кревети“, изјави д-р Весна Николовска-Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

    Во велешката болница вчера беа хоспитализирани 26 пациенти, од нив 24 потврдено позитивни, а двајца суспектни на вирусот. Во текот на денот испишани како оздравени  се девет лица. Двајца пациенти на возраст од 41 и 66 години, поради влошена состојба итно биле префрлени на Инфективна клиника во Скопје.

    На Инфективното одделение од Велес се згрижуваат пациенти со коранавирусот од Велес, Свети Николе, Кавадарци и Неготино.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира