ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19 ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА СЕ ТРОШИ МЕСЕЧНО 6 ТОНИ КИСЛОРОД, ПОРАНО ТОЛКУ СЕ ТРОШЕЛО ЗА ЦЕЛА ГОДИНА

    ЗА БОЛНИТЕ ОД КОВИД-19 ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА СЕ ТРОШИ МЕСЕЧНО 6 ТОНИ КИСЛОРОД, ПОРАНО ТОЛКУ СЕ ТРОШЕЛО ЗА ЦЕЛА ГОДИНАПовеќе од десетина болни од ковид-19 во Штипската билница во моментот имаат потреба од кислородна поддршка; - Камион со достава на боци за кислородна поддршка на пациентите ред болницата. (Фото: СДК.МК)

    Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип почна месечно да троши 6 тони медицински кислород за пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка, а во изминатите години кога немаше ковид-19 за цела година се трошело дури и помалку од тоа, велат официјалните податоци од болницата.

    Последнава недела, Инфективното одделение е пребукирано со пациенти со ковид-19, пред зградата се голем број нивни роднини, а и секојдневно се носат новозаболени не само од Штип туку и од соседните градови од регионот.

    Директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев, вели дека Инфективното одделение по вторпат досега го исполнува капацитетот од 55 хоспитализирани пациенти со ковид -19.

    „Повеќе од десетина лица во моментот имаат потреба од кислородна поддршка, па затоа ние секојдевно добиваме десетици боци со медицински кислород или за овој месец месечните потреби се на 6 тони кислород“, вели Георгиев.

    Тој вели дека со зголемувањето на бројот на заразени се зголемуваат потребите од медицински кадар за третман на заразените.

    „Правиме се, со сите проблеми што ги имаме и со позитивниот медицински персонал, да ја стабилизираме состојбата. Бројките на заразени и оздравени секојдневно варира. Но, сега пак имаме исполнет капацитет. Моментно, колку имаме хоспитализирано од Штип толку и од соседните градови, главно од Кочани, Виница, Берово и останатите места во регионот“, вели Георгиев.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира