ГРЦИЈА ГИ ЗАТВОРА ШКОЛИТЕ И ГРАДИНКИТЕ, АВСТРИЈА ОДИ ВО ЦЕЛОСЕН КАРАНТИН

    ГРЦИЈА ГИ ЗАТВОРА ШКОЛИТЕ И ГРАДИНКИТЕ, АВСТРИЈА ОДИ ВО ЦЕЛОСЕН КАРАНТИНВо Грција веќе 10 дена е на сила целосен карантин, што ќе трае до крајот на месецот. (Фото: Екатимерини)

    Грција ги затвора основните училишта, градинките и центрите за згрижување деца на две недели, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Наставата ќе се одвива онлајн и со ТВ програма. Засега, планот е повторно да се отворат на 30 ноември, но затварањето можи и да продолжи.

    Во Грција веќе 10 дена е на сила целосен карантин, што ќе трае до крајот на месецот. Дозволено е да се напуштаат домовите само заради одење на работа, за физички вежби и медицински причини, и тоа само по испраќање на СМС-порака до властите. Продавниците се затворени, иако супермаркетите и другите продавници за храна се отворени, а рестораните работат само за достава.

    Австрија ќе воведе целосен карантин од вторник, откако ноќниот полициски час кој е е во функција од 20 до 6 часот не успеа да го спречи ширењето на заразата. Сега продавниците се отворени, кафулињата, баровите и рестораните се ограничени на достава, театрите и музеите се затворени. Дневните нови случаи вчера достигнаа рекорд од 9.586 новозаразени, девет пати повисок отколку на врвот на првиот бран.

    Од вторник, земјата ќе се префрли на целосен карантин, со тоа што ќе треба да се седи дома цел ден, само со некои исклучоци, како на пример за пазарење или за вежбање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира