СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ПРИЛЕП ДОБИЈА ТАБЛЕТИ ОД ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ЗА ДА УЧАТ ОНЛАЈН

    СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ПРИЛЕП ДОБИЈА ТАБЛЕТИ ОД ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ЗА ДА УЧАТ ОНЛАЈНБеа доделени и хигиенски пакети за 111 ромски семејства. (Фото: СДК.МК)

    Со средства од амбасадата на Германија во земјава, ученици од ранливи категории од Прилеп добија таблети за да можат да учат онлајн. Беа подели 34 таблети на ученици од двете средни училишта во Припеп „Орде Чопела“ и „Ѓорче Петров“. Освен за учениците, со проектот беше доделена помош и за 111 социјално загрозени семејства со приоритет на Ромите од Општина Прилеп, кои ќе добијат пакети со хигиенски средства.

    Акцијата ја спроведува Центарот за граѓанска иницијатива, во рамките на проектот „Акции против родово базирано насилство кај Роми и други маргинализирани групи“ кој е финансиран од Федералната канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

    „Покрај овие пакети, во делот на справувањето со пандемијата на ковид-19 германската амбасада додели амбулантно возило на Прилепската болница, а во болницата во Кичево ќе се изгради монтажен објект со 5 простории, опремен со медицински инвентар со намена за дневна болница. Во Шуто Оризари ќе се донира медицинска техника, односно апарати за дезинфекција, скафандери, заштитни ракавици, маски и визири, боци со кислород, пулсоксиметри и слично“, рече извршниот директор на Центарот за граѓанска иницијатива Гоце Тодороски.

    Минатата недела, амбасадата на Германија во земјава додели таблети и хуманитарни пакети и во Општина Шуто Оризари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира