ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ ОПРЕМА ВРЕДНА 25.000 ЕВРА НА КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОЛОГИЈА

    ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ ОПРЕМА ВРЕДНА 25.000 ЕВРА НА КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОЛОГИЈААмбасадорката Анке Холштајн и министерот Венко Филипче на Клиниката за кардиологија. (Фото: Министерство за здравство)

    Клиниката за кардиологија доби опрема во вредност 25.000 евра од Германската амбасада во земјава. Преку проект финансиран од Министерството за надворешни работи на Германија набавени се дефибрилатори, апарати кои се значајни бидејќи голем број пациенти кои имаат ковид-19 можат да развијат масивна тромбоемболија.

    Овој проект е во рамките на иницијативата на Сојузната влада на Германија од 2020 за помош на државите од Западен Балкан во време на пандемијата од ковид-19. Со цел да се зачуваат што поголем број човечки животи, во 2020 македонските клиники ширум земјата беа поддржани со разновидна потребна опрема во вредност од 274.000, евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира