ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ЌЕ ВАЖИ И ЗА ВИКЕНДИ, ЌЕ ТРАЕ 2 НЕДЕЛИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ЌЕ ВАЖИ И ЗА ВИКЕНДИ, ЌЕ ТРАЕ 2 НЕДЕЛИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕЗдравствените власти велат дека растот на новозаболени е поради недржење дистанца и групирање. (Фото: К. Попов)

    Полицискиот час би траел две недели и ќе важи и за време на викендите, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Комисијата за заразни болести утрово предложи, а Владата утре треба да одлучи дали од среда ќе се воведе полициски час од 22 до 5 часот.

    Филипче кажа дека иако угостителските објекти работат до 21 часот, се забележува групирања во нив, како и собири на јавни површини, не се почитуваат мерките и поради тоа перидов има раст на бројот на новозаболени и хоспитализирани поради ковид-19.

    „Интерните клиники во Скопје се на стенд бај и подготовени да примаат ковид пациенти. Ударот кон болниците не е така нагол како што беше во ноември и тоа е значајна разлика. Тешко е да се каже дали ќе продолжи тој тренд, дали ќе се задржи некое плато или ќе расте бранот. Има поделени мислења кај епидемиолозите по тоа прашање. Но, ние треба да сме внимателни и подготвени. Ова ќе важи 2 недели, но секако ја следиме ситуацијата и можно е да има промени“, кажа министерот.

    Филипче кажа дека Комисијата апелирала до надлежните инспекторати почесто да излегуваат на контрола, поради непочитувањето на мерките.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира