ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ РЕКОНСТРУИРА ПРИСТАПНИТЕ УЛИЦИ И ВЛЕЗОТ НА БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“

    ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ РЕКОНСТРУИРА ПРИСТАПНИТЕ УЛИЦИ И ВЛЕЗОТ НА БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“Со реконструкцијата ќе се подобрува пристапноста до болницата којашто уште од почетокот на пандемијата функционира како ковид-центар. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Комплетно ќе се реконструира влезот и пристапните улици на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Ќе се реновираа површина од 2.400 метри квадратни, а за градежните работи од буџетот на Градот се обезбедени околу 40.000 евра.

    „Овој зафат е од исклучителна важност, бидејќи со истата се подобрува пристапноста до болницата ‘8 Септември‘ којашто уште од почетокот на пандемијата функционира како ковид-центар“, велат од Град Скопје.

    Од таму велат дека минатата година беа реконструирани улиците во Клиничкиот центар, односно се изгради посебен влез за возилата на Брза помош, се изработи нов влез кај Инфективната клиника, се проширија влезовите кај Клиниката за стоматологија и на влезот на улица Белградска над Клиничкиот центар, а се реконструираа и двата постојни паркинзи кај Клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство.

    „Во тек е и реконструкцијата на дел од улицата Загрепска, со што ќе се подобри пристапноста до Институтот за белодробни заболувања – Детската болница Козле, каде што функционира еден од ковид-центрите во Скопје, а за што Град Скопје издвои 10 милиони денари“, велат од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира