ОД 16 АВГУСТ БЕЗ ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА НЕМА ВЛЕЗ НА КОНЦЕРТИ И НАСТАНИ НА ЗАТВОРЕНО, УГОСТИТЕЛИТЕ ЌЕ РАБОТАТ САМО НА ТЕРАСИТЕ

    ОД 16 АВГУСТ БЕЗ ПОТВРДА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА НЕМА ВЛЕЗ НА КОНЦЕРТИ И НАСТАНИ НА ЗАТВОРЕНО, УГОСТИТЕЛИТЕ ЌЕ РАБОТАТ САМО НА ТЕРАСИТЕОд 16 август се забрануваат свадби на затворено.(Фото: СДК.МК)

    Од 16 август се воведуваат нови рестриктивни мерки поради големиот број нови случаи на ковид-19. На настани кои се организраат на затворено ќе може да влегуваат само вакцинирани лица, а рестораните и кафулињата ќе смеат да работат само на летните тераси.

    На вечерашната владина седница беа донесени неколку одлуки со цел спречување на ширењето на новиот бран на ковид-19:

    • До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на ковид-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.
    • За ноќните клубови, дискотеки, кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.
    • Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.
    • Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

    Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст.

    Од Владата велат дека надлежните инспекциски служби во претстојниот период треба  да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира