Изминатава недела во Штип постојано се зголемува бројот на новозаболените од ковид-19. Ако продолжи дневниот тренд на хоспитализирани, може да се очекува овој викенд да се исполни максималниот капацитет на модуларната болница која е за 47 пациенти.
„Модуларната болница речиси е исполнета. Денешниот број на хоспитализирани е 44 пациенти од кои 70 насто се на кислородна поддршка. Вчера и денеска биле извршени над 70 амбулантни прегледи. За да има простор за болните со потешка клиничка слика, пациентите чие здравје се подобрува ќе бидат префрлени на Кожното одделение, кое и во првиот бран хоспитализираше пациенти со ковид-19“, вели раководителката на Инфективното одделение во Штип Дијана Шишкова.
Амбулантски прегледи и хоспитализирање има и на болни од соседните градови. Во регионот се евидентирани 530 активни случаи.
Најголем дел од активните и хоспитализираните се лица кои не примиле ниту една вакцина.
Т. ЈОВАНОВСКИ