22-ГОДИШНО МОМЧЕ Е НАЈМЛАДИОТ КУМАНОВЕЦ ШТО ПОЧИНА ОД КОВИД-19, В БОЛНИЦА ДОШЛО СО ТЕШКА ПНЕВМОНИЈА

    22-ГОДИШНО МОМЧЕ Е НАЈМЛАДИОТ КУМАНОВЕЦ ШТО ПОЧИНА ОД КОВИД-19, В БОЛНИЦА ДОШЛО СО ТЕШКА ПНЕВМОНИЈАМомчето не било вакцинирано, а почина по 10-дневно лекување на Инфективната клиника во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Дваесет и две-годишно момче од Куманово е најмладиот меѓу денешните 37 починати од ковид-19. Според Кумановската болница, момчето три дена се лекувало таму откако дошло многу доцна, со веќе развиена масивна пневмонија, а пред 10-на дена било префрлено на Инфективната клиника во Скопје, каде и почина.

    Момчето не било вакцинирано, но нема информации дали боледувало и од други хронични болести.

    Четири лица се од Куманово меѓу денешните 37 починати од ковид-19. Најмногу се од Скопје 10, од Тетово 8, од Струга 4, 3 од Гостивар, 2 од Кочани, и по едно од Прилеп, Велес, Кавадарци, Струмица, Кичево и Дебар. Сите се починати во болнички услови.

    Досега во земјава починати се 5.938 болни, а активни се 14.249 пациенти.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира