ПСИХИЧКИ БОЛНИ ПАТУВААТ 100 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ ЛЕЧАТ, ОТИ НЕМА ПСИХИЈАТАР

a:3:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:11:"td_subtitle";s:353:"Повеќеод8месецинемапсихијатарвоЗдравствениотдомвоКриваПаланка,воградотнеманитуприватнаамбуланта,папациентитесопсихичкизаболувањастручнапомошбараатвоКумановоиСкопје";s:9:"td_source";s:58:"КриваПаланка,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПСИХИЧКИ БОЛНИ ПАТУВААТ 100 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ ЛЕЧАТ, ОТИ НЕМА ПСИХИЈАТАР

    Пациенти со психички нарушувања од Крива Паланка, Кратово и Ранковце, патуваат од 50 до 100 километри за да сигнат на преглед кај специјалист, бидејќи Здравствениот дом со болничко одделение во Крива Паланка, повеќе од 8 месеци нема психијатар. Во градот нема ниту приватна амбуланта, па пациентите со  психички заболувања стручна помош бараат во Куманово и Скопје.

    Проблемот со немање соодветна здравствена заштита на психијатриското оддел во болницата во Крива Паланка е хроничен и трае откако долгогодишниот невропсихијатар се пензионирал. Привремено решение се нашло со ангажирање еднаш неделно специјалист од кумановската болница, но поради финасиски проблеми од март годинава останале и без него. Од тогаш, пациентите се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат.

    „Ми имаат дијагностицирано психичко растројство и редовно земам лекови, но често доаѓа до влошување на состојбата, поради што морам да барам лекарска помош и да ми биде дадена дополнителна терапија. Најчесто, секоја втора ноќ завршувам на Брза помош, каде ми даваат ампуларна терапија, но тоа е само моментално ублажување на симптомите и утредента пак сум во болница. Проблемот е што во Здравствениот дом нема психијатар кој ќе знае да ја контролира мојата болест и на кого ќе можам да му се обратам за стручна помош кога ми е потребна. Не можам за секое влошување на состојбата да одам во Куманово или Скопје, зашто таму функционира ‘Мој термин’, а не сум итен случај за да ме транспортираат со болничко возило како пациент со приоритет. Пекол ми е животот откако нема психијатар во оваа здравствена установа и навистина не можам да ја контролирам болеста, ниту пак да се надевам на подобрување, затоа што во мојот случај не се работи само за медикаментозна терапија, туку и за психотерапевтска помош од лекар специјалист што ја немам“, вели засегната болна жена од Крива Паланка.

    Болницата во Крива Паланка сега е и со блокирана сметка и нема пари ни да го исплати докторот што пред 8 месеци бил ангажиран од Куманово (Фото: СДК.МК)

    Болницата во Крива Паланка сега е и со блокирана сметка и нема пари ни да го исплати докторот што пред 8 месеци бил ангажиран од Куманово (Фото: СДК.МК)

    Од Кумановската болница потврдуваат дека пациентите од соседните општини доаѓаат главно на преглед и на лекување кај нив, а потешките случаи ги препраќаат во Скопје. Им одредуваат терапија која потоа им ја препишуваат матичните лекари, а ако имаат дополнителна потреба од лекар и на контрола еднаш месечно мораат да дојдат кај нив.

    „И тешките случаи за кои треба асистенција на полицијата ги донесуваат кај нас, па ние ги упатуваме на скопските клиники. Оние што се со полесна клиничка слика ги сместуваме на нашето одделение“, вели невропсихијатарот Драги Караџински од Нервното одделение, кој повеќе од две години одел во болницата во Крива Паланка, но поради неисплатен хонорар за повеќе од една година ја откажал соработката.
    Тој објаснува дека во амбулантата во Крива Паланка работел 6 пати месечно и дневно прегледувал околу 35 пациенти со невролошки и психијатриски проблеми. Во попладневните часови и ноќните смени пациентите ги примале хирурзи и интернисти на нивните одделнија, кои по телефон се консултирале со него доколку имало потреба.

    „И тешките случаи за кои треба асистенција на полицијата ги донесуваат кај нас во Куманово, па ние ги упатуваме на скопските клиники“, вели невропсихијатарот Драги Караџински од Кумановската болница, кој повеќе од две години одел во болницата во Крива Паланка, но поради неисплатен хонорар за над една година ја откажал соработката (Фото: СДК.МК)

    „И тешките случаи за кои треба асистенција на полицијата ги донесуваат кај нас во Куманово, па ние ги упатуваме на скопските клиники“, вели невропсихијатарот Драги Караџински од Кумановската болница, кој повеќе од две години одел во болницата во Крива Паланка, но поради неисплатен хонорар за над една година ја откажал соработката (Фото: СДК.МК)

    „Во секој момент морав да бидам достапен за колегите во болницата за да им укажам по телефон и да ги посоветувам што треба да направат со пациентот ако му се влоши состојбата. Практикувавме потешките случаи да ги донесеме во нашата болница, а откако ќе ги рехабилитираме ги враќавме во Крива Паланка за да не се трошат нивните семејства да им доаѓаат на посета“, додава Караџински.

    Директорот на Кривопланачеката болница Јоско Стефановски, признава дека имаат проблем што нема психијатар, но вели дека работата е испуштена пред многу години поради тоа што не била дадена специјализација по невропсихијатрија, па кога стариот доктор заминал во пензија останале без специјалист. Тој додава дека предходниот директор не го исплаќал редовно докторот што бил ангажиран од Куманово, а бидејќи сега се со блокирана сметка немаат пари да ја завршат обврската.

    „Штом ќе ни се одблокира сметката ќе го исплатиме невропсихијатарот и тој повторно ќе дојде да работи, до тогаш останува пациентите да ги праќаме во Куманово и Скопје. Ние имаме санитетско возило и екипа кои ги транспортираат до клиниките и не е загрозено нивното здравје“, вели Стефановски.

    Директорот Стефановски вели дека болницата добила 4 специјализации во 2017, па се надева дека некој од лекарите на интерниот конкурс ќе аплицира за специјализација по психијатрија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира