Во сите скопски општини излезноста до 11 часот во вториот круг е поголема од првиот на локалните избори. Најголема излезност во Скопје има во Општина Карпош 17,57 отсто, а во првиот круг излезноста беше 10,33 отсто. Во Кисела Вода излезноста е 16,54, во првиот круг беше 11,45, во Центар 16,50,а во првиот круг беше 10,47, во Ѓорче Петров каде пред две недели излезноста беше 11,22 сега е 15,95 отсто.
Во Општина Аеродром излезноста е 14,92, а во првиот круг беше 10,42 , во Гази Баба 14,56 во првиот круг 10,75, во Бутел во првиот круг до 11 часот излегоа на гласање 11.01 отсто сега 13,77. Во Чаир е 10,11 отсто а во првиот круг беше 6,98 , во Шуто Оризари беше 6,69 а сега е 9,64. Само во Сарај излезноста во вториот круг е помала од првиот, 5,42 отсто, а во првиот круг беше 6.05 отсто.
Во Скопје се гласа за градоначалник на Град Скопје, а втор круг избори има и за градоначалници на општините Карпош, Центар, Чаир и Шуто Оризари.
А. АНТЕВСКА