ЗАЕВ ГО ОТКАЖА СОСТАНОКОТ СО ВУЧИЌ И РАМА ВО БЕЛГРАД

    ЗАЕВ ГО ОТКАЖА СОСТАНОКОТ СО ВУЧИЌ И РАМА ВО БЕЛГРАДЗаев, Рама и Вучиќ на економскиот форум кој се одржа во јули во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев ја откажа посетата на Белград и состанот со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама. На 3 и 4 ноевмри во Белград тројцата лидери требаше да имаат состанок во рамките на иницијативата Отворен Балкан. Заев вчера после поразот на локалните избори  изјави дека ќе даде оставка од премиерската функција и од претседател на партијата.

    „Заев нема да оди на состанокот во Белград согласно политичката ситуација“, изјавија од Владата за САКАМДАКАЖАМ.

    Попладнево, на својот Инстаграм профил спрскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографија со претседателот Стево Пендаровски и албанскиот премиер Еди Рама и напиша „Дали да го одржиме или одложиме состанокот во Белград со оглед на случувањата во Скопје?“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира