МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ДЕКА ВЕЧЕРВА ОПЕРИРАЛ МАСНО ТКИВО НА ВРАТОТ, ОПЕРАЦИЈАТА БИЛА ЗАКАЖАНА ПРЕД ИЗБОРНАТА КАМПАЊА

    МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ДЕКА ВЕЧЕРВА ОПЕРИРАЛ МАСНО ТКИВО НА ВРАТОТ, ОПЕРАЦИЈАТА БИЛА ЗАКАЖАНА ПРЕД ИЗБОРНАТА КАМПАЊАМицскоски на својот фејсбук профил објави фотографии како лежи на операциона маса со фластер на десната страна од вратот, а зад него е медицинскиот тим. (Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на Фејсбук објави дека имал лесна операција. Тој на својот фејсбук профил објави фотографии како лежи на операциона маса со фластер на десната страна од вратот, а зад него е медицинскиот тим. Според неофицијални информации од Клиниката за торакална хирургија, на Мицкоски му било отстрането масно ткиво од вратот.

    Мицкоски, кој околу 16.30 си замина од Собранието каде седницата за гласање доверба на владата на Зоран Заев по иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица не почна оти немаше кворум, на Фејсбук тој објави дека се чувствува одлично и дека имал „динамичен ден“.

    „Киднапиран пратеник, криминал, уцени, срам, и нормално најголемата желба на СДСМ-ДУИ да ме немало во политиката… После 45 минути лесна хируршка интервенција која беше закажана пред кампањата, ја одолговлекував поради кампањата и денес дојде редот“, напиша Мицкоски.

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ си замина до Собранието околу 21.30 часот, откако денеска не успеаја да обезбедат кворум за да се одржи гласањето доверба на владата. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски рече дека најдобро решение во моментов се предвремени избори во најкус можен рок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира