98 отсто од лицата со ковид-19 кои биле хоспитализирани не се вакцинирани, покажува анализата на Министерството за здравство за периодот од 6 август до 16 декември. Во овој период со ковид-19 се заразиле 64.963 граѓанин, а од нив 32 проценти биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица. 44.069 граѓани или 67 проценти од позитивните не биле вакцинирани.
„Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Од август до сега починале 2.272 лица со ковид-19, 1.790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон“, велат од Министерството за здравство.
Од Мистерството апелираат граѓаните да се вакцинираат оти само така ќе стекне колективен имунитет и ќе спречи ширење на мутации на вирусот.