ВЛАДАТА НА БОРИСОВ ДАДЕ ОСТАВКА

a:1:{s:9:"td_source";s:20:"Софија,(АП)

    ВЛАДАТА НА БОРИСОВ ДАДЕ ОСТАВКА

     

    Бугарскиот Парламент ја прифати оставката на централно-десничарскиот премиер Бојко Борисов, која ја даде откако кандидатот на опозициската Социјалистичка партија Румен Радев го искористи  народното незадоволство од владата и извојува голема победа на претседателските избори викендот.

    Иако гласањето за претседател нема директна врска со премиерот, Бојко Борисов соопшти дека дава оставка затоа што нем доволно поддршка од народот за неговата партија ГЕРБ. Парламентот денеска ја изгласа оставката со 218-0.

    Борисов, чија што партија триумфираше на сите избори изминатава деценија, им рече на пратениците дека „гласањето даде јасен сигнал дека општеството сака промена“. Тој рече дека ќе осигура непречена транзиција на власта и ќе остане на функција додека не се формира нова влада.

    Претседателот Росен Плевнелиев, чиј мандат истекува на 22 јануари, нема право според Уставот да го распушти парламентот зашто е во последните 3 месеци од неговот мандат. На неговиот наследник Румен Радев ќе остане да го распушти парламентот и да распише парламентарни избори во рок од 60 дена. Според проценките, изборите може да се одржат во април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира