НА ПРЕДЛОГ НА ВЛАДАТА, СОБРАНИЕТО ГО УКИНА ДДВ-ТО ЗА ЛЕБОТ, БРАШНОТО, ШЕЌЕРОТ, МАСЛОТО, ОРИЗОТ И ЈАЈЦАТА ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИ ОД ПОСКАПУВАЊЕ

    НА ПРЕДЛОГ НА ВЛАДАТА, СОБРАНИЕТО ГО УКИНА ДДВ-ТО ЗА ЛЕБОТ, БРАШНОТО, ШЕЌЕРОТ, МАСЛОТО, ОРИЗОТ И ЈАЈЦАТА ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИ ОД ПОСКАПУВАЊЕПред да гласаат сложно, пратениците цел ден се расправаа на кого прво му текнале овие мерки, а Алијанса за Албанците забележа дека за 2 години Владата им прифатила нула амандмани. (архивска фотографија)

    Пратениците едногласно пред полноќ ги донесоа измените на Законот за додадена вредност и Законот за акцизите. Сите 96 присутни кренаа зелено картонче, лебот, шеќерот, белото брашно, маслото за јадење, јајцата и оризот, од утре да бидат ослободени од данок на додадена вредност (ДДВ).

    Со усвоените измени ДДВ-то се намалува од 18 на 10 отсто за горивата.

    Со ист број на гласови, пратениците ја намалија акцизата на сите видови горива од 1,2 до 4, 7 денари.

    Во законот, Владатa навела дека намалувањето на ДДВ и на акцизите ќе се одрази негативно врз Буџетот.

    Овој потег на Владата што го поддржа вечерва Собранието е заради ублажување на последиците од брзиот скок на цените, со цел граѓаните и фирмите да се прилагодат на ценовниот шок. Ова е дел од мерките што се предвидени за спас на економијата и стандардот на луѓето, во последниве месеци загрозен не само од пандемијата, туку и од енергетската криза засилена особено со воената агресија на Русија врз Украина.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира