Владата ќе му ги одземе ингеренциите за Универзална сала на Град Скопје и ќе ја продолжи реконструкцијата. На последната владина седница била донесена одлука Министерството за култура да почне постапка за преземање на концертната сала бидејќи градоначалничката Данела Арсовска не ја продолжува реконструкцијата почната од нејзиниот претходник Петре Шилегов и објектот една година стои разурнат. Парите за реконструкција од 1,9 милиони евра се обезбедени од Владата.
Денеска за оваа тема закажан е состанок во Град Скопје меѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалничката Данела Арсовска. Доколку Арсовска не се противи Министерството да ја презема концертната сала, тогаш ќе се донесе одлука за преземање која треба да ја усвои Советот на Град Скопје. Но, доколку градоначалничката не сака да ги предаде ингеренции, тогаш Владата ја одземе со прогласување за објект од национален интерес.
А. АНТЕВСКА