ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ВО СКОПЈЕ БАРААТ СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ ЗА ДА Ѝ ГИ ОДЗЕМЕ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА АРСОВСКА

    ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ВО СКОПЈЕ БАРААТ СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ ЗА ДА Ѝ ГИ ОДЗЕМЕ ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА АРСОВСКАПриватните превозници денеска ги ослободија крстосниците во градот и протестите ги насочија пред Град Скопје и канцеларијата на Арсовска. (Фото: СДК.МК)

    Приватните превозници во Скопје, кои петти ден протестираат, попладнево отидоа во Владата за да бараат средба со премиерот Димитар Ковачевски. Велат дека ќе бараат од премиерот и Владата да им се помогне во решавање на проблемот кој го имаат со Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска  за долгот од 1,5 милиони евра.

    Давеникот се фаќа за сламка, па така и ние. Бараме средба со премиерот Ковачевски за да се вклучи Владата во решавање на проблемот преку медијација да се најде начин да ни се исплатат пари или пак да ѝ се одземат ингеренциите на Арсовска за јавниот превоз во Скопје. Била каква помош би прифатиле“, вели Кемал Муриќ превозник во „Слобода превоз“.

    Арсовска минатиот месец ги раскина договорите со „Слобда превоз“ и „Макекспрес“ и јавно на седница на градскиот Совет кажа дека нема да им го исплати долгот.

    Приватните превозници денеска ги ослободија трите клучни крстосниците во градот кои претходниве денови беа блокирани и протестите ги насочија пред Град Скопје и канцеларијата на Арсовска. Со автобусите е блокиран булеварот Илинден на потегот од фонтана „Лотосов цвет“ до крстосницата кај „Мида“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира