На Плоштадот Македонијаво Скопје викендов беше поставена новогодишна елка. Покрај елката, на Плоштадот поставени се и десетина новогодишни куќарки во кои се продаваат пијалоци и украси, како и детски реквизити. Светилки се поставени над елката и куќарките, како и на дрвјата наоколу. Други новогодишни украси нема низ центарот на градот. Град Скопје не е соопшт од каде се обезбедени новогодишните украси и дали платил за тоа и колку.
Прес-конференцијата во врска со Нова година, која градоначалничката Данела Арсовска уште кон крајот на ноември рече дека ќе ја одржи, уште ја нема. Не се знае дали ќе има дочек и ако има кој ќе пее, дали годинава за разлика од лани ќе дојде Дедо Мраз и ќе има новогодишна програма за деца.
Арсовска ниту лани не одржа прес-конференција за Нова година, туку преку видео обраќање кажа дека градот ќе биде украсен со донации од фирми. За програмата за дочек беше испратено соопштение до медиумите од нејзиниот кабинет.
А. АНТЕВСКА