АРСОВСКА ПАК СМЕНИ ДИРЕКТОР, ДРАГАН ИЛИЕВСКИ ОД В. Д. ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА ОДИ НА ЧЕЛО НА „ВОДОВОД“

    АРСОВСКА ПАК СМЕНИ ДИРЕКТОР, ДРАГАН ИЛИЕВСКИ ОД В. Д. ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА ОДИ НА ЧЕЛО НА „ВОДОВОД“Опозициската СДСМ во Советот на Град Скопје неколку месеци обвинува дека Илиевски е незаконски ставен за в. д. директор бидејќи не бил вработен во Зоолошка. (Фото: К. Попов)

    Досегашниот в. д. директор на Зоолошката градина Драган Илиевски е нов в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација“. Градоначалничката Данела Арсовска донела решение со кое од функцијата го разрешува досегашниот в. д. директор Марјанче Митовски и на негово место го назначува Илиевски.

    Од тимот на Илиевски во скопската Зоолошка ни потврдија дека тој е назначен за нов директор на „Водовод“.

    Илиевски беше поставен за в. д. директор од Арсовска во 2 август лани, откако тогашниот директор Кристијан Стаменов беше разрешен оти закла 15 коњи во градината. Опозициската СДСМ во Советот на Град Скопје неколку месеци обвинува дека Илиевски е незаконски ставен за в. д. директор бидејќи не бил вработен во градината.

    Досегашниот директор Митовски за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека уште нема добиено решение, но слушнал  информации дека ќе биде разрешен.

    „Уште немам никакво решение, можеби денес ќе добијам, затоа не сакам ништо да коментирам“, ни изјави Митовски.

    Арсовска до сега смени директори кои самата ги постави во сите јавни претпријатија. Ова е втор директор кој го менува во ЈП „Водовод и канализација“, откако лани го смени Златко Перински по кавгата за тендерот за пречистителната станица. Потоа за в. д. директор го постави Марјанчо Митовски кој сега е сменет од функцијата.

    Милионскиот тендер за пречистителната станица уште не е завршен. Иако се завршени сите постапки околу разгледување и оценување на понудите,  не се носи решението за избор на фирма. Градоначалничката Данела Арсовска не дава никакви информации за процесот и зошто уште не е избрана фирма. Министерот за животна средина Насер Нуредини пред еден месец ја повика Арсовска да се избере фирма, бидејки од Европската инвестициска банка која ги обезбедува парите за овој капитален проект тврдат дека постапката е чиста и треба да се направи избор.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира