ОХРИДСКИ „ВОДОВОД“ ПОБАРАЛ ЦЕНАТА НА ВОДАТА ДА ПОСКАПИ ЗА 70 ОТСТО, ОД РЕГУЛАТОРНА ВЕЛАТ БАРАЊЕТО Е НЕРЕАЛНО

    ОХРИДСКИ „ВОДОВОД“ ПОБАРАЛ ЦЕНАТА НА ВОДАТА ДА ПОСКАПИ ЗА 70 ОТСТО, ОД РЕГУЛАТОРНА ВЕЛАТ БАРАЊЕТО Е НЕРЕАЛНОРегулатората комисија на редовна седница в четврток ќе одлучува за барањата на Општините за нови тарифи на водата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Охридски „Водовод“ доставил барање до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги да се зголеми цената на водата за 70 проценти. Претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски вели дека ваквото барање е нереално, со оглед дека државата им ја субвенционира цената на струјата на јавните претпријатија.

    Корекција на тарифата за вода поради зголемена цена на електричната енергија, покрај Скопје побараа и Општините Охрид, Кочани и Ресен. Охрид побара најголемо зголемување на цената од 70 отсто. Ние барањето го разгледуваме, но тоа е нереално. Ќе ја зголемат цената на водата за 70 проценти за да можат да бидат фабрика за вработувања“, рече Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на презентацијата на студијата „Ефектите на кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“, изработена од Институтот за истражување и економски политики „Фајненс тинк“ и УНИЦЕФ.

    Регулатората комисија на редовна седница в четврток ќе одлучува за барањата на Општините за нови тарифи на водата. Бислимоски вели дека ќе се донесе одлука и за Скопје бидејќи скопски „Водовод“ тоа го побарале.

    Ние не сме тука да се натегаме со ‘Водовод‘ дали поднеле барање или не, фактите се јасни. Одлуката што ја донесовме на подготвителната седница е врз основа на нивното барање. Верувам дека ова ќе биде поука за сите јавни претпријатија, кога ќе поднесат барање треба да останат зад тоа барање, а не да политизираат“, вели Бислимоски.

    Откако Регулаторна ќе донесе одлука за новите тарифи, управните одбори на јавните претпријатија треба да донесат предлог одлука за нова цена, а потоа таа треба да биде усвоена од Советот на Општината со мнозинство гласови.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира