Синоќа се запали мостот „Белесица“ кај Железничката станица во Скопје. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека на бројот 112 околу полноќ e добиен повик за пожар на долната страна на мостот за моторни возила над реката Вардар, на истоимената улица Беласица кај затворениот трговски центар „Ист Гејт“, што е во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“.
„Веднаш по добиената информација од Секторот за операции и координација (СОК) и Регионалниот центар на ЦУК биле известени сите можни институции и фирми, коишто имаат или, пак, е можно да имаат инсталации под мостот и е извршена координација со Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, којашто беше на терен со 8 противпожарни возила и 21 пожарникар. Во 01.45 часот Пожарната извести дека пожарот е локализиран, Од пожарот, како што информираа од ЕСМ, пукнале постоечките топлински цевки“, велат од ЦУК.
Во моментов, мостот е затворен за сообраќај поради безбедносни причини. Од Министерството за внатрешни работи велат дека се врши увид по што ќе се знаат причините за пожарот.
А. АНТЕВСКА