СТАВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ НЕ ГИ ИСЦРПУВА УСЛОВИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ, ИМ ПИША РАДЕВ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ

    СТАВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ НЕ ГИ ИСЦРПУВА УСЛОВИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ, ИМ ПИША РАДЕВ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИРадев е загрижен дека и други земји имаат намера да донесат слични резолуции за македонскиот јазик и идентитет како онаа на германскиот Бундестаг. (Фото: СДК.МК)

    Бугарскиот претседател Румен Радев во писмо до европските лидери и институции се жали на усвоената резолуција на германскиот Бундестаг како и на однесувањето на ЕУ спрема европските аспирации на Македонија. Тој го критикува ставот во резолуцијата на Бундестагот со кој се повикува Бугарија да не поставува дополнителни услови за прием на Македонија во ЕУ.

    Радев предупредува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија бил „само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство. Но тоа не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Северна Македонија“. Радев дури е загрижен дека и други земји имаат намера да донесат слични резолуции за македонскиот јазик и идентитет како онаа на германскиот Бундестаг.

    Писмото на Радев е поради изјавата на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, дека нема пречка за пристапување на Македонија во ЕУ и дека билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки за напредокот на земјава кон Унијата.

    Радев вели дека дека македонските власти не исполнувале ништо од она што било договорено со усвојувањето на преговарачката рамка лани во јули. Меѓутоа, не споменува ниту еден збор за однесувањето на официјалните бугарски органи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира