ПАК ГОРИ ДЕПОНИЈАТА КАЈ САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ВО СКОПСКИ КАРПОШ

    ПАК ГОРИ ДЕПОНИЈАТА КАЈ САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ ВО СКОПСКИ КАРПОШДосега нико не е ни фатен ни казнет, иако од Општина Карпош велат дека тие постојано преземаат мерки, но пак се создава депонија која се пали. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Денеска повторно гори депонијата кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ во скопски Карпош. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита со неколку возила од утрово го гасат пожарот, кој поради топлото време брзо се шири. Вечерта, Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека пожарот е ставен под контрола, нема опасност од негово ширење и во моментот се догасува внатрешно, поради големата количина ѓубре на таа површина.

    Од Општина Карпош велат дека тие пријавиле оти гори депонијата, која се пали постојано и покрај сите преземени мерки.

    Влезовите од каде што влегуваат камиони се затворени и навистина не знаеме како влезгуваат возила и трупаат ѓубре. Ние не можеме 24 часа на ден на дежураме таму. Интервенираме, се чисти ѓубрето, но пак се таложи, а кога ќе дојде лето се пали“, велат од Општина Карпош.

    Веќе неколку години во текот на зимата овој простор се трупа со ѓубре, а потоа не лето се пали и депонијата гори со денови. Ексградоначалниците Петре Шилегов и Стефан Богоев организираа акција за чистење на депонијата, но само неколку месеци потоа повторно почна да се трупа ѓубре. Се постави и врата и рампа за да се затворат влезовите, но тие се оштетуваат од несовесни граѓани.

    Полицијата досега нема ниту една пријава за палење на депонијата, а Општината не фатила ниту казниле некој што фрла ѓубре.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира