МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПОВРЕДЕН ВО ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА, МУ СЕ ЗАПАЛИЛ КАМИОНОТ

    МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПОВРЕДЕН ВО ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА, МУ СЕ ЗАПАЛИЛ КАМИОНОТПриколка од камионот се опожарила додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис.(Фото: Катимерини)

    Македонски државјанин е повреден во пожарите кои веќе неколку дена се активни во Грција, соопшти Министерството за надворешни работи. Станува збор за возач на камион чија приколка се опожарила додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис.

    Возачот добил изгореници, кои се третирани во локалната болница. Во непосредна близина, се наоѓа и втор камион со македонски регистарски таблички, кој поради механички дефект, не е во возна состојба. Тројцата наши државјани, кои се наоѓале во двата камиона, на време биле евакуирани и на пат се кон земјава“, велат од Министерството за надворешни работи.

    Министерството, преку својата Амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун, одблиску ги следи состојбите и останува во тесна комуникација со грчките надлежни институции и нашите државјани.

    Македонските државјани, доколку се наоѓаат во погодените подрачја и имaaт потреба за помош, да ја контактираат нашата Амбасадата во Атина, преку следните СОС телефонски броеви: 00302106749585 / 00306944743071, Генералниот конзулат во Солун на +30 698 720 0410 или Министерството во Скопје на +389 75 273 732.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира