Повеќе од 30.000 евра се собрани за санирање на штетите од невремето во Словенија од Друштвото на словенечки и македонски стопанственици. Голем дел од членовите, но и други деловни субјекти и индивидуалци донираа пари за помош на граѓаните кои изгубија домови во поројните дождови.
Парите веќе се исплатени кон неколку хуманитарни организации во Словенија кои се справуваат со последиците од поплавите.
„Како Друштво го покажавме нашето заедништво и хуманост при давањето поддршка кон нашите пријатели од Словенија. Ние сме хумана нација и секогаш излегуваме во пресрет. Секако, поддршката ќе продолжи и понатаму низ разни други форми“, вели Војдан Јорданов, претседател на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици.