СЕДУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ, МЕЃУ КОИ И ДЕТЕ, СЕ ВО ХОТЕЛ БЛИЗУ МАНАСТИРОТ ВО КОЈ СЕ НАПАЃАЧИТЕ НА КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА, ВЕЛИ МНР

    СЕДУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ, МЕЃУ КОИ И ДЕТЕ, СЕ ВО ХОТЕЛ БЛИЗУ МАНАСТИРОТ ВО КОЈ СЕ НАПАЃАЧИТЕ НА КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА, ВЕЛИ МНРОколу 30 вооружени и маскирани напаѓачи се борат со полицијата забарикадирани во манастирот Бањска во северно Косово. (Фото: АП)

    Седум македонски државјани, од кои едно дете, се сместени во хотел во непосредна близина на манастирот во селото Бањска на северот на Косово, каде денеска е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили, соопшти Министреството за надворешни работи (МНР). Од МНR велат дека македонската амбасадата во Приштина е во комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани.

    „Во текот на денот, во неколку наврати Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со министерката Грвала-Шварц, и во моментов косовската полиција го обезбедува хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени дома. Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани и косовската полиција, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер“, соопшти МНР.

    Рашко-призренската епархија соопшти дека вечерва напаѓачите си заминале од манастирот и дека сега пред портите има косовска полиција, а состојбата е мирна но неизвесна. Во манастирот се игуменот со монасите, како и група верници од Нови Сад во која има и две деца.

    Вооружени напаѓачи со оклопни возила упаднаа во село во регионот на Косово со етничко српско мнозинство, се борат со полицијата и се забарикадираа во манастир на северот од земјата. Косовската полиција соопшти дека еден полицаец и тројца од околу 30 напаѓачи загинале во престрелки околу селото Бањска.

    Монасите и верниците беа затворени во црквата на српскиот православен манастир додека престрелката во опсадата траеше со часови. Не е јасно кој стои зад насилството, но косовскиот премиер Албин Курти и министерот за внатрешни работи Џелал Свецла ги обвинија „криминалците спонзорирани од Србија“.

    Косовската полиција соопшти дека се уапсени уште четворица осомничени во атарот на селото Рударе, каде што се пронајдени средства за комуникација, наводно поврзани со „криминални групи“, а пронајдено е и поголемо количество оружје, муниција и разновидна опрема.

    Српските власти немаа веднаш коментар, а претседателот Александар Вучиќ треба вечерва од 20 часот дава изјава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира