ЗА ДА ФОРМИРА ВЛАДА, ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕЗ ПОДДРЖА АМНЕСТИЈА ЗА КАТАЛОНСКИТЕ СЕПАРАТИСТИ

    ЗА ДА ФОРМИРА ВЛАДА, ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕЗ ПОДДРЖА АМНЕСТИЈА ЗА КАТАЛОНСКИТЕ СЕПАРАТИСТИСанчез рече дека го поддржува контроверзното давање амнестија на оние кои учествуваа во неуспешниот обид за независност на Каталонија во 2017. (Фото: АП)

    Вршителот на должноста премиер на Шпанија, Педро Санчез, денеска рече дека го поддржува контроверзното давање амнестија на оние кои учествуваа во неуспешниот обид за независност на Каталонија во 2017, со надеж дека ќе ги убеди партиите од регионот да го поддржат за формирање Влада.

    „Во интерес на Шпанија, во одбрана на соживотот меѓу Шпанците, денеска ја бранам амнестијата во Каталонија за настаните од изминатата деценија“, рече Санчез за време на состанокот на Федералниот комитет на Социјалистичката партија во Мадрид.

    Најавата наиде на аплаузи и овации од присутните.

    Санчез, кој се обидува да формира коалициска влада три месеци по изборите без јасен победник, оваа недела постигна договор за коалиција со левичарската Сумар, но поддршката од 31 пратеник од Долниот дом на таа партија не е доволна за да се обезбеди премиерската функција. Нему му е потребна поддршката од каталонските сепаратистички партии, Ескера републикана де Каталуња -ЕРЦ и Хунтс, кои побараа закон за амнестија кој потенцијално би можел да опфати повеќе од 1.400 учесници во неуспешниот обид за независност.

    Тие рекоа дека нивната поддршка зависи и од уште еден референдум за независност.

    „За да продолжиме да се движиме напред, мораме да ги надминеме сите епизоди кои во минатото не поделија и ги разбија нашите општества“, рече Санчез.

    Тој рече дека неговата партија „гледа на проблемите директно“, додавајќи дека 80 отсто од Каталонците го поддржале договорот за ова прашање.

    Потенцијалната амнестија предизвика политичка бура во Шпанија, при што главно конзервативните противници одржаа големи протести и го обвинија Санчез дека го загрозува владеењето на правото за своја политичка корист. Анкетата во септември покажа дека 70% од испитаниците – 59% од нив поддржувачи на социјалистите – биле против амнестија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира