АЛИ АХМЕТИ ЌЕ СООПШТИ УТРЕВЕЧЕР ДАЛИ ДУИ ЌЕ КОАЛИЦИРА СО ВМРО-ДПМНЕ, НЕ КАЖУВА КОГО ИСПРАТИЛ ВО СДСМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АЛИ АХМЕТИ ЌЕ СООПШТИ УТРЕВЕЧЕР ДАЛИ ДУИ ЌЕ КОАЛИЦИРА СО ВМРО-ДПМНЕ, НЕ КАЖУВА КОГО ИСПРАТИЛ ВО СДСМ

    ДУИ утре попладне ќе  ја сопшти одлуката со кого би одела во коалиција, со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ.  На седницата на централното претседателство, која заврши вечерва не била донесена никаква одлука . Седницата ќе продолжи утре.

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети по завршувањето на седницата изјави дека сите опции се уште отворени. „Се анализираат сите опции за што подобра одлука на Албанците и за сите граѓани на Република Македонија, Албанци, Македонци, Срби, Роми, Власи…и се дискутираат сите опции“, рече Ахмети.

    Неофицијално потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта бил на разговор во СДСМ. Ниту СДСМ, ниту ДУИ не беа достапни за потврда на оваа вест што ја објави Телевизија 21.

    Али Ахмети не сакаше да одговори дали го испратил Бејта во седиштето на СДСМ во Скопје. „Јас сум претседател на партијата и знам секој каде се наоѓа и знам што задача што сум му дал“, рече лидерот на ДУИ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира