ОБЕЗЕДУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КОСОВО ОСМАНИ НАПРАВИЛО ИНЦИДЕНТ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ТЕЛОХРАНИТЕЛИТЕ НА СПИКЕРОТ ГАШИ СЕ ВМЕШАЛЕ И ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД АЕРОДРОМСКОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

    ОБЕЗЕДУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КОСОВО ОСМАНИ НАПРАВИЛО ИНЦИДЕНТ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ, ТЕЛОХРАНИТЕЛИТЕ НА СПИКЕРОТ ГАШИ СЕ ВМЕШАЛЕ И ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД АЕРОДРОМСКОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕОбезбедувачот на Гаши, вработен во МВР, со уште двајца полициски службеници, турнал и колега вработен на граничниот премин, па веднаш бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР (Фото: СДК.МК)

    МВР и Обвинителството за организиран криминал расчистуваат инцидент, напад кон полициски службеник и заканување кон вработени на ТАВ на Скопскиот аеродром, сторени денеска од член на обезбедувањето на претседателката на Косово Вјоса Османи и од негов колега, член на обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши.

    „Денеска (01.08.2024) околу 10 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, додека претседателката на Косово Вјоса Османи поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер. По половина час, дошло лице – полициски службеник од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши со уште две лица (полициски службеници) и почнал да им се заканува на вработените во ТАВ, да бара кој ѝ направил проблем на претседателката Османи. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин. Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

    Од Кабинетот на спикерот Гаши соопштија дека „членовите на безбедносниот тим на претседателот на Собранието Гаши биле присутни само за да се смири ситуацијата настаната од недоразбирањето меѓу обезбедувањето на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, и припадниците на аеродромското обезбедување“ и дека тие „интервенирале да ја смират ситуацијата и да им помагаат на нивните колеги за спроведување на безбедносните постапки при посета на ВИП личности“.

    Операторот на Скопскиот аеродрим, групацијата ТАВ соопшти дека проверката на косовската претседателка била „во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство“.

    „ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот“ стои во сооопштението на компанијата. Од таму велат дека „одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот“.

    ВИП салонот е во посебна зграда од патничкиот терминал на Скопскиот аеродром.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира