УКРАИНА ИМА ПРАВО ДА ЈА НАПАЃА РУСИЈА СО ОРУЖЈЕ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВОЕНИОТ КОМИТЕТ НА НАТО

    УКРАИНА ИМА ПРАВО ДА ЈА НАПАЃА РУСИЈА СО ОРУЖЈЕ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВОЕНИОТ КОМИТЕТ НА НАТОАдмиралот Роб Бауер, кој е од Холандија, додаде и дека земјите имаат суверено право да поставуваат ограничувања на оружјето што го испраќаат во Украина. (Фото: АП)

    Шефот на воениот комитет на НАТО рече дека Украина има солидно законско и воено право да напаѓа длабоко во Русија за да стекне борбена предност – што ги одразува ставовите на голем број сојузници на САД – иако администрацијата на Бајден се воздржува да му дозволи на Киев да напаѓа користејќи оружје од американско производство.

    „Секоја земја која што е нападната има право да се брани. И тоа право не застанува на границата на вашата нација“, рече вчера адмиралот Роб Бауер во говорот на затворањето на годишната средба на комитетот, на која присуствуаше и американскиот генерал Си-Кју Браун, претседател на здружената команда.

    Бауер, кој е од Холандија, додаде и дека земјите имаат суверено право да поставуваат ограничувања на оружјето што го испраќаат во Украина. Но, стоејќи до него на брифингот со новинарите, генерал-полковник Карел Техка, началник на Генералштабот на чешките вооружени сили, јасно стави до знаење дека неговата земја не поставува такви ограничувања за оружјето за Киев.

    „Ние веруваме дека Украинците треба сами да одлучат како да го користат“, рече Техка.

    Нивните коментари се во време кога американскиот претседател Џо Бајден размислува дали да ѝ дозволи на Украина да користи оружје со долг дострел обезбедено од САД за да нападне длабоко во Русија. А се навестуваат и поделби околу ова прашање.

    Бајден во петокот се состана со британскиот премиер Кир Стармер, откако изминатава недела нивните највисоки дипломати беа во Киев и беа под нов притисок да ги олабават ограничувањата за оружјето. Американски официјални лица запознаени со дискусиите рекоа дека веруваат оти Стармер бара одобрение од Бајден да ѝ дозволи на Украина да ги користи британските ракети „сторм шедоу“ за проширени напади во Русија. Можеби ќе биде потребно одобрување на Бајден бидејќи компонентите на „сторм шедоу“ се произведени во САД.

    Обезбедувањето дополнителна поддршка и обука за Украина беше клучна тема на состанокот на шефовите на НАТО, но вчера не беше јасно дали се разговараше и за дебатата за ограничувањата на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира