ХАН ЌЕ ГИ ИСЛУША ДРУГИТЕ, ПА ЌЕ МУ РАПОРТИРА НА ГРУЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ХАН ЌЕ ГИ ИСЛУША ДРУГИТЕ, ПА ЌЕ МУ РАПОРТИРА НА ГРУЕВСКИ

    Денешната агенда на комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан завршува со средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во просториите на Собранието. Тој со Никола Груевски ќе се сретне откако пред тоа ќе ги ислуша другите лидери на политичките партии што освоија места во новиот состав на Собранието.

    Комесарот Хан со лидерите на политичките партии ќе разговара за актуелната политичка ситуација во Македонија и за формирањето на новата влада по одржувањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември минатата година.

    Според распоредот на средбите првата средба ќе ја има во 16 часот, со претставниците на движењето БЕСА.

    По БЕСА, Хан ќе се сретне со Алијанса за Албанците во 16 и 30 часот, а со лидерот на ДПА Мендух Тачи во 17 и 15 часот. Со лидерот на ДУИ Али Ахмети средбата е закажана за 17 часот и 45 минути.

    После паузата, Комесарот Хан ќе се сретне со лидерот на СДСМ Зоран Заев  околу 19 часот, а последен  на разговор ќе има со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во 20 часот и 45 минути.

    Јоханес Хан денес учествуваше на регионалната конференција за енергетика на шесте земји од Западен Балкан. Тој изјави дека не е дојден во Скопје да им дава совети на лидерите на политичките партии.

    „Не сум дојден да им давам совети на лидерите на политичките партии, туку да ги сослушам. Цел е формирање на влада со солидна, широка поддршка, која ќе работи засилено на интеграциите кон ЕУ“, изјави Хан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира