СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДАЛО НАСОКИ НА ФИНАНСОВАТА ПОЛИЦИЈА ДА ГИ ИСПИТА ТЕНДЕРИТЕ ЗА ГОРИВОТО НА ЈСП „СКОПЈЕ“

    СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДАЛО НАСОКИ НА ФИНАНСОВАТА ПОЛИЦИЈА ДА ГИ ИСПИТА ТЕНДЕРИТЕ ЗА ГОРИВОТО НА ЈСП „СКОПЈЕ“Владата денеска закажа седница за да се реши проблемот со јавниот превоз. (Фото: СДК.МК)

    Јавното обвинителство на Скопје вели дека ги следи состојбите со набавките на гориво за потребите на автобусите на ЈСП „Скопје“ и на Финансовата полиција ѝ дало насоки како да постапува.  Скопје, приградските населби и скопските села се паралиризирани втор ден, поради тоа што вчера ЈСП снема нафта. Но, Бирото за јавни набавки кажа дека и тоа што претходно било набавено преку јавни набавки спроведени од ЈСП, не било во законска процедура.

    Управата за финансова полиција постои токму за да ги истражува ваквите тендери, исто како и МВР, и да му даваат податоци на обвинителството. Тие се органи на откривање и не треба некој да ги тера да работат.

    Владата за денеска во 14 закажа итна седница за да се реши проблемот, откако истата власт и мнозинство на ниво на Град Скопје, со месеци и години блокира набавка на нови автобуси, а притоа не нуди решение за катастрофалната состојба со јавниот превоз во градот. Исто така, итна седница во 18 часот закажа и Советот на Град Скопје, каде мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ.

    Градоначалничката Данела Арсовска победи на локалните избори како кандодатка на ВМРО-ДПМНЕ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира