АНЏЕЛИНА ЏОЛИ И БРЕД ПИТ ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РАЗВОД ПО ОСУМ ГОДИНИ

    АНЏЕЛИНА ЏОЛИ И БРЕД ПИТ ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РАЗВОД ПО ОСУМ ГОДИНИАнџелина Џоли и Бред Пит во 2015, една година пред актерката да побара развод. (Фото: АФП)

    Холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа договор за развод по осум години, изјави адвокатот на Џоли за медиумите. Немаше никаков коментар од адвокатот на Пит.

    Двојката се венча во 2014 година и имаат шест деца.

    Џоли поднесе барање за развод во 2016, наведувајќи „непомирливи разлики“. Двојката имаше жестока битка за старателство над децата во месеците по објавувањето. Во 2021, судијата им додели заедничко старателство над децата на двајцата родители.

    Двојката беше позната како „Бранџелина“ од обожавателите и се запозна на снимањето на филмот „Господин и г-ѓа Смит“ во 2005. Ова беше втор брак за Бред Пит, кој беше женет со ѕвездата од серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон,  а трет за  Џоли, по актерите Били Боб Торнтон и Џони Ли Милер.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира