ВО СУДОТ ВО КОЧАНИ СЕ ИЗРАБОТУВААТ РЕШЕНИЈАТА ЗА 48-ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА 14 ЛИЦА, МЕЃУ НИВ СЕ БЕКТЕШИ И ТРАЈКОВСКИ

    ВО СУДОТ ВО КОЧАНИ СЕ ИЗРАБОТУВААТ РЕШЕНИЈАТА ЗА 48-ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА 14 ЛИЦА, МЕЃУ НИВ СЕ БЕКТЕШИ И ТРАЈКОВСКИПо истекот на овие 48 часа, ќе се знае за кого од овие осомничени обвинителите ќе побараат 30-дневен притвор. (Фото: СДК.МК)

    Од Основен суд Кочани за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека веќе се пишуваат решенијата за краткотраен притвор на 8 плус 6 осомничени за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ со 59 жртви, за да може со нив приведените да се задржат на распит повеќе од 24 часа. По истекот на овие 48 часа, ќе се знае за кого од овие осомничени обвинителите ќе побараат 30-дневен притвор.

    Во Кочанскиот суд пред судија на претходна постапка, со полициско комбе и со лисици на раце беа донесени ексминистерот за економија Крешник Бектеши и ексдиректорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски. Претходно на распит кај обвинител, но не и кај судија на претходна постапка, беше градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов. По сослушувањето, си заминал дома, не бил донесен во судот.

    Дознаваме дека овој суд со мал капацитет вечерва е целосно ангажиран. На судијата на претходна постапка му помагаат колегите, но и претседателот на судот. Така ќе биде и следните денови.

    Досега има над 20 осомничени за катастрофалниот пожар во дискотеката без лиценца, без излезни врати за евакуација, без противпожарни апарати, обложена од внатре со исклучително запаливи материјали.

    Најавени се уште апсења.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира